Со воведувањето на нов стандард на квалитет на поддршката, постигнавме секогаш да добиете брз одговор на вашите барања, или интервенција во однос на некоја потреба. Секогаш Вашето задоволство ни е од голема важност. Ова е листата на нашите услуги кои ви ги нудиме: E-mail поддршка - За верзиите Small Office и Small Office+ можете да испраќате прашања или да барате совет во врска со функционирањето на софтверот. Одговорот го добивате на вашиот e-mail во рок од 48 часа во текот на работната недела. UPGRADE поддршка - Добивање на актуелна верзија на програмот во однос на законските промени и тековните унапредувања (upload од MCS серверот) ON-LINE поддршка - Поддршка во реално време со остварување на ремоте пристап до компјутерскоит клиент од каде е испратено барањето за поддршка. За овој вид на поддршка потребно е да имате склучено и договор за UPGRADE поддршка. ON-STE поддршка - Поддршка со доаѓање на наш персонал на ваша локација во ситуации кога не е можно да се решат преку интернет (прекин на интернет врска нпр.). Цени за корисници со договор за ON-LINE поддршка: Цени за корисници без договор за ON-LINE поддршка: Цените за ON-SITE поддршка, дополнително се зголемуваат за 50% за период вон работно време или вон работни денови (работни денови се понеделник-петок 09-17). На цените за ON-SITE поддршка, дополнително се пресметуваат и транспортните трошоци. (ако релацијата е вон градско подрачје на град Скопје и изнесува 30% од цената на гориво по километар во двата правци) За сите видови на поддршка, освен за e-mail поддршка, претходно се склучува договор за поддршка на период од 1 година со можност за месечно,тромесечно , шестмесечно или годишно плаќање. UPGRADE и ON-SITE Поддршката са плаќа авансно за договорениот период, на еден од погоре наведените начини. МЦС дооел Скопје 05.2022 |