MCS softver multimedija


   МЦС дооел Скопје призведува палета на квалитетни бизнис ориентирани софтверски апликации и дава услуги поврзани со нив.
   Од основањето до денеска бројот на нашите корисници преминува бројка од 200 претпријатија со просечно над 10 компјутерски клиенти по претпријатие и е во постојан пораст.
   Софтверските производи со знакот MCS датираат од 1995, од почеток како Windows® апликација, тогаш 16-битна. преку 2002 кога е изработена 32-битната верзија (во соработка со Смарт компјутери) до денешната која работи и преку интернет, има сервер кој може да биде базиран и на LINUX оперативни системи, може да се поврзува со Web...
   Од 2008 активен е MCS Web сервер за ON-LINE поддршка, преку кој во прво време се префлаа податоци битни за квалитетна поддршка, а кој сега овозможува моментален пристап до било кој од компјутерските клиенти на нашите корисници зе ефикасна поддршка во реално време и низа на веб сервиси. ( Секако пристапот е возможен само по претходно барање на корисникот.)
   Со помош на нашиот софтвер работат сметководители, менаџери, комерцијалисти, магационери, технолози, инженери, сервисери, секретарки, накратко вработени од сите струки на кои во работењето, поради продуктивноста им е потребна компјутерска асистенција.

   Широкиот спектар на опфатени дејности го прикажува и (скратената) листа на претпријатија (корисници на нашите софтверски производи), чии имиња се добро познати во нивните дејности на работење, а во чие работење секојдневно учествуваат нашите производи.

MCS Softver light speed    Наша мисија е

   Да произведуваме софтверски производи со висок квалитет, кои ги задоволуваат законските стандарди, но и стандардите на добар дизајн, лесна употребливост, прилагодливост, брзина и кој продуцираат задоволство од страна на корисниците на нашите производи, и на тој начин ја задржуваат водечката позиција во однос на другите производи од тој тип на пазарот.

   Ние веруваме дека најдобриот пат за постигнување на оваа цел е преку постојана надградба на нашите производи со употреба на нови технолигии и внимателното следење на барањата на корисниците на нашите производи.

   МЦС дооел Скопје 2019.